Откако Веб-от се разви и интернет прелистувачите станаа поусовршени, луѓето почнаа да креираат игри кои бараа само
интернет прелистувач. Едноставни игри за едне играч беа направени кои можеа да се играат користејќи
HTML и
HTML scripting технологии (најчесто
JavaScript,
ASP,
PHP и
MySQL). Покомплицираните игри контактирааѕ
веб сервер за да овозможат играње со други луѓе.
Развивањето на веб графичките технологии како Флеш и Јава дозволија
веб игрите да станат покомпликувани. Овие игри (исто познати под името
Флеш игри или Јава игри), станаа навистина популарни. Многу игри во
1980-те, како ПакМан и Фрогер, беа рекреирани за да можат да се играат
како Флеш анимација на веб страна. Повеќето игри беа строго за играње
со повеќе луѓе, но најчесто игри со едно лице и листа на поени од сите
играчи достапна на интернет.
Игрите со домашни миленичња како “Неопетс“, се исто така многу
популарни како помлада генерација на игри со интернет прелистувачи.
Поновите игри од овој тип користат веб технологии како
AJAX за да ја направат играта популарна и интересна. Пример за вакви игри се
OGame(Вселенска симулација),
BiteFight(Вампири против Вукодлаци),
Ikariam(Стари цивилизации)
Најновиот тренд за игри во веб пребарувач се прошири и во доменот на
пукачките игри во прво лице еднина (first person shooters). Еден од
пионерите на ова поле се Ај Ди Софтвер (Id Software), креаторите на
многу популарни акциони наслови како Дум (Doom), Квејк (Quake) и
Волфенштајн (Wolfenstien). Нивниот последен проект е конверзија на
оригиналната верзија на Квејк 3 издадено во 1998 година, во мод за веб
пребарувач.
Играта инкорпорира елементи од оригиналот како различните модови за
игра: Смртоносен меч (Death Match), Фати го знамето (Capture the Flag)
но додава и неколку нови како Тим Арена (Team Arena).
Секој играч мора да креира свој сопствен профил на кој може да ги
провери своите награди и податоци за успешноста во неговите он лајн
натпреварувања. Обработката и средувањето на огромната дата база на
податоци се врши со помош на интегрираниот метагејм (metagame) енџин.
За успешноста и популарноста на ваквиот нов начин на играње, говори
и фактот дека 110 000 профили биле креирани во првите шест часа од
официјалното излегување на Квејк лајв.